Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра во финалниот меч на турнирот од серијата 1000 во Монте Карло.
За Надал ова е деветто последователно финале на овој турнир, а до него стигна со победата во полуфиналниот дуел против Жо-Вилфред Цонга со 6:3 и 7:6 во двата сета.
Шпанскиот тенисер има 46 победи во низа во Монте Карло.
Противник на Надал во утрешното финале ќе му биде победникот од вториот полуфинален меч во кој ќе играат Фабио Фоњини и Новак Џоковиќ.