Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 250 во Бризбејн, откако денеска со 6:1, 6:2 го совлада Австралиецот Џејсон Кублер.
Натпреварот траеше 81 минута.
Искусниот Шпанец многу рано во двата сета стигна до првиот брејк, по што со сигурен сервис ја одржуваше предноста. Со вториот брејк го реши прашањето на победникот при првиот и вториот сет.
Австралиецот Џордан Томпсон го чека Надал во четвртфиналето.