Надал: Турнирот во Рим ќе биде добар тест, но немам големи очекувања

Од:

Минатогодишниот шампион на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал нема големи надежи дека ќе успее да ја одбрани титулата.

За Надал настапот во италијанската престолнина ќе биде прв по подолгата пауза и единствениот пред одбраната на титулата на Грен слемот Ролан Гарос.

– Очигледно, ви требаат натпревари за да се чувствувате 100%. Но, нема што да се стори. Дојдов тука и имав доволно време да вежбам правилно. Турнирот ќе биде добар тест. Драго ми е што ќе се вратам на натпреварувањето, но немам големи очекувања, изјави Надал.

АТП Мастерсот 100 во Рим почна вчера и ќе трае до 21 септември.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест