Надал стартуваше со победа на УС Опен

Од:

Најголемиот фаворит за освојување на титулата на УС Опен, Шпанецот Рафа Надал, фуриозно стартуваше на последниот тениски грен слем во сезоната, пренесе Макфакс.

Шампионот од 2010 година, инаку втор носител на турнирот, во првото коло го победи Рајан Херисон со 6:4, 6:2, 6:2.

Првиот ден на грен слемот во Њујорк, најголемото изненадување го направи Британецот Даниел Еванс, кој го елиминира Кеи Нишикори. 179-от на АТП листата победи во три сета со 6:4, 6:4, 6:2.

Турнирот заврши и за Ернест Гулбис, тој е поразен од 88-от играч на светот Адријан Хајдер-Милер, иако имаше водство од 2-1 во сетови и брејк предност во четвртиот сет.

Бернард Томиќ беше на чекор до елиминација, но на крајот против Алберт Рамос победи со 3-2 иако, Шпанецот имаше предност од 2-1 во сетови.

Првото коло на турнирот го минаа уште Руфан, Клан, Давиденко, Турсунов, Лопез, Гаске.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ