Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе си ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на мастерсот во Монтреал.
„Секогаш е возбудливо да се игра против Новак на големите натпреварувања, тука секако ги вбројувам и мастерс турнирите.
– Сметам дека ќе биде одличен меч и ќе дадам се од себе да бидам подобар во дуелот со Ѓоковиќ“, изјави Надал.
Тој во четвртфиналето на Роџерс купот беше подобар од Австралијанецот Маринко Матошевиќ со резултат 6:2, 6:4.
Србинот славеше против францускиот тенисер Гаске со 6:1, 6:2, по само 52 минути игра.
„Овој меч беше најблиску до совршен. Во секој аспект бев скоро најдобар што можам да бидам. Од почетокот ја контролирав играта и сум многу задоволен како одиграв“, рече Ѓоковиќ.