Надал се врати од Саудиска Арабија со 1,5 милиони долари, без да победи никого на турнирот „Six Kings Slem“

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати од Саудиска Арабија со 1,5 милиони долари, без да победи никого на турнирот „Six Kings Slem“.

Најпрво беше надигран од сонародникот Карлос Алкараз, а во мечот за третото место Новак Ѓоковиќ „стави точка“ на нивното ривалство, бидејќи Надал ќе се повлече по Дејвис купот.

Доколку „остане без пари“, што тешко дека ќе се случи бидејќи е еден од најбогатите спортисти на сите времиња, Рафаел Надал ќе може да го продаде златниот рекет што го доби од советникот на кралското семејство на Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеик.

По финалниот меч во Ријад, Надал доби подарок што не го очекуваше, бидејќи доверлив човек на кралот Салман му пријде и му подари златен рекет, доказ за богатството на владејачкото семејство.

„Задоволство е што си тука со нас, за тебе имаме мал подарок од „сезоната на Ријад“ и ти посакувам добра иднина во животот“, рече тој, а потоа му го покажа рекетот на Надал кој го остави без зборови.

Таа сцена го воодушеви Надал, кој вети дека нема да го загуби рекетот, и дека ќе го „штити како очите во главата“.

Како што пренесуваат медиумите, рекетот е тежок три килограми и е изработен од чисто злато, па наводно вреди околу 250.000 евра. Нема сомнеж дека Надал ќе го најде вистинското место во својот дом за овој фантастичен подарок, еден од највредните што ги добил во кариерата.

За потсетување, Надал ниту еднаш не скрши рекетот во играчките денови и постојано потенцираше дека тоа не го направил за да не им даде лош пример на младите тенисери.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Надал за крајот на кариерата: Нема идеално збогување, отсекогаш сум бил среќен без тенис

А1он

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога

Надал закажа спектакл со Ѓоковиќ

Рафаел Надал ќе игра на Лејвер купот во Берлин

Надал го „склопи“ совршениот тенисер

Предраг Петровиќ