Надал: Синер и Алкараз ќе ја надминат „големата тројка“

Од:

Најголемото ривалство во историјата на тенисот секако беше помеѓу Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

И покрај тоа, Шпанецот Рафаел Надал смета дека тенисери како Јаник Синер и Карлос Алкараз би можеле да бидат поуспешни од „големата тројка“.

– Ако го направивме сето тоа, можат и другите, работите (достигнувања) се таму за да се поправат. Очигледно, тие двајца се над сите во моментов, а ние тројцата сме речиси премногу години. Благодарение на барањата што си ги поставивме еден на друг, кариерата ја направивме нешто што беше тешко да се замисли години претходно, а сега доаѓаат нови генерации да се борат да не надминат – изјави Надал.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во кариерата досега освои четири Грен слем турнири, додека светскиот рекет број еден Јаник Синер има три трофеи.

Би можело да ве интересира

Надал одговори на вечното прашање: Кој е најдобриот од големата тројка?

А1он