Надал се враќа на тренинзите

Од:

Поранешниот тенисер број 1 во светот, Рафаел Надал ќе продолжи со тренинзите следната недела. Ова го соопшти неговиот тренер и чичко, Тони Надал.

“Планот е тој да почне со тренинзите следната недела”, рече Тони Надал.

Шпанецот најверојатно ќе учествува во егзибицискиот турнир во Доха од 31-ви декември до 6-ти јануари, заедно со Новак Ѓоковиќ (Србија), Енди Мареј (Велика Британија) и Давид Ферер (Шпанија).

Надал нема играно по елиминацијата во вториот круг на Вимблдон на 28-ми јуни. Тој страда од повреда на левото колено.

Се очекува Рафаел Надал да игра на Отвореното првенство на Австралија, кое започнува на 14-ти јануари следната година.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех