Петтиот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал го откажа настапот на првите два турнири од Мастерс серијата што ќе се одржат во Индијан Велс и Мајами.
Шпанскиот тенисер поради повреда од терените отсуствуваше седум месеци, а пред три недели се врати на терените и настапи на турнирите во Виња дел Мар и Сао Паоло.
Надал денеска ќе го одигра првиот дуел на турнирот во Акапулко, а по настапот во Мексико тој ќе се врати во Шпанија се со цел да се одмори пред почетокот на делот од сезоната што ќе се игра на земјена подлога.
Поранешниот светски рекет број уште пред да се врати на терените најави дека во текот на сезонава ќе прави селекција на настапите на турнирите бидејќи нема да може да игра во исто темпо како во претходните години.