Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно го подобри својот пласман на АТП листата. На најновата ранкинг-листа за најдобри тенисери Надал напредуваше едно место и сега е четврти.
Шпанецот по освојување на титулата вчера на Мастерсот во Рим, на АТП листата го помина својот сонародник Давид Ферер.
Со пласманот во првата четворка Надал си обезбеди „носителско“ место на Грен слемот „Ролан Гарос“ во Париз кој почнува на 26 мај.
Пласман на првите 10 тенисери на АТП листата:
1.Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.310 бодови
2. Енди Мараеј (Велика Британија) 8.670
3. Рожер Федерер (Швајцарија) 8.000
4. Рафаел Надал (Шпанија) 6.895
5. Давид Ферер (Шпанија) 6.740
6. Томаш Бердих (Чешка) 4.700
7. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.320
8. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.795
9. Ришар Гаске (Франција) 3.090
10. Јанко Типсаревиќ (Србија) 2.640.