Првиот светски рекет Рафаел Надал очекува добар настап на претстојниот АТП Куп како увертира пред Грен слемот Австралија опен.
– Сакам да прикажам добри партии на овој турнир, а потоа ќе имам една недела за завршни подготовки за Грен слемот Австралија опен. Силно ќе тренирам оваа недела. Фокусиран сум на овие мечеви. Ја сњос мојот тим даваме се од себе, изјави шпанскиот тенисер.
? The World No. 1 is back in Australia ?
The moment ?? @RafaelNadal & #TeamSpain landed in Perth ?@WestAustralia | #thisiswa pic.twitter.com/roVMhKWOum
— ATPCup (@ATPCup) December 29, 2019
Шпанија на АТП Купот се наоѓа во Б-групата, во Перт, заедно со репрезентациите на Јапонија, Грузија и на Уругвај.
Турнирот ќе се игра од 3 – 12 јануари во Бризбејн, Перт и Сиднеј.