Првиот светски рекет Рафаел Надал ќе игра во финалето на Отвореното тениско првенство на САД, откако ноќеска го победи Хуан Мартин дел Потро со 3-1.
Аргентинецот го доби првиот сет со 6:4 и тоа како да го разлути Надал кој следните три сет аги реши во своја полза на убедлив начин (6:0, 6:6 и 6:2).
Шпанецот по овој триумф обезбеди 23. Грен слем финале во својата кариера и четврто на УС Опен.
За својата 16-та титула од престижните турнири Надал ќе игра со Кевин Андерсон (Јужна Африка) кој во првото полуфинале беше подобар од Пабло-Карењо Буста.
Андерсон за прв пат ќе игра Грен слем финале.