Надал против Федерер во четвртфиналето

Од:

Победникот на минатонеделниот турнир во Монтреал, Рафаел Надал со многу напори синоќа го совлада Григор Димитров за пласман во четвртфиналето. Надал славеше победа од 2:1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:2) и со тоа воедно се избори за меч со Рожер Федерер.

Ниту Федерер немаше лесна задача во 3. коло бидејќи и тој во три сета (2:1) успеа да слави победа над Томи Хас.

За разлика од нив двајцата Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј немаа проблеми со своите ривали. Ѓоковиќ на Давид Гофин му препушти само два гема (6:2 и 6:0), додека Мареј го победи Жулиен Бенето со 6:2 и 6:2. Тешка победа од 2:1 во сетови постигна и Хуан Мартин Дел Потро против Фелицијано Лопез.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели каде секако најголемо внимание привлекува пресметката Надал – Федерер, а играат уште Ѓоковиќ – Џон Изнер, Дмитри Турсунов – Дел Потро и Мареј – Томаш Бердих.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ