Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако по два часа и 45 минути игра, го победи Давид Ферер со 6:4, 4:6, 6:2.
Ова беше 19-та победа за Надал, од вкупно 23 одиграни мечеви меѓу овие двајца тенисери.
Противникот во борбата за финалето ќе му биде чешкиот тенисер Томаш Бердих, кој успеа да го совлада првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Пер Беноа. Негов ривал ќе биде подобриот од мечот меѓу Роџер Федерер и Јержи Јановиќ.