Петтиот тенисер на светот Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот во Акапулко.
Во шпанското полуфинале тој го совлада Николас Алмагро со 2:0, по сетови 7:5, 6:4.
Некогашниот рекет број еден, кој го игра третиот турнир по 7-месечната пауза, поради повреда на колената, во финалето ќе се сретне со Давид Ферер.
Алмагро одигра уште еден добар меч против Надал, но повторно покажа дека има комплекс од Шпанецот. Рафаел направи по еден брејк во двата сета и тоа му беше сосема доволно за уште еден триумф и пласман во финалето.