Надал: Повеќе болат поразите од Ѓоковиќ

Од:

Рафаел Надал изјави дека поразот од Лукаш Росол не му паднал најтешко во неговата кариера. Шпанецот, кој наскоро би требало да се врати на теренот, вели дека многу потешко му паѓаат поразите од Ѓоковиќ или Федерер во финале.

„Се случува да изгубите и такви мечеви. Поразот од Росол го означи крајот на успешниот дел од сезоната за мене.

– Моето колено беше во многу лоша состојба по Ролан Гарос, бев премногу уморен. Никогаш не е добро да изгубиш, но сигурно многу би ми било потешко да бев поразен во финалето, како против Новак на Австралијан опен, оваа година, откако се борев шест часа или на Вимблдон 2007-ма по пет часа кога изгубив од Роџер Федерер.

– Мислам дека тие порази повеќе болат бидејќи сте биле на чекор од целта, која не сте ја оствариле“, рече Надал.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино