Надал победи на Мастерсот во Рим

Од:

Рафаел Надал е победник на Мастерс турнирот во Рим, откако во финалето го совлада бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ со 2:0 (7:5, 6:3).

За шестата победа во кариерата на мастерсот во Рим на Надал му беа потребни два часа и 20 минути.

Финалниот меч требаше да се одигра во неделата, но поради дождот беше одложен за во понеделник.

Надал имаше помалку винери, но и многу помалку неизнудени грешки (20-41), а и подобро ги користеше шансите за брејк.

Со оваа победа, Рафа ја зголеми и предноста во меѓусебните дуели над Ѓоковиќ на 18:14.

 

 

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест