Во моментов најдобриот светски тенисер Рафаел Надал е победник на годинашното издание на Грен слемот во Париз. Тој попладнево на терените на „Ролан Гарос“ во финалето го победи Доминик Тим со убедливи 3-0.
На Шпанецот му беа потребни два часа и 44 минути игра да стигне до 11.трофеј на престижниот турнир во француската престолнина.
Надал уште еднаш потврди дека му нема рамен на земјена подлога.
Воедно тој ја освои 17-та Грен слем титула во неговата кариера.
Истовремено Надал е единствениот тенисер со 11 трофеи од турнири кои припаѓаат на три различни категории. Тој има 11 титули уште и на турнирите во Барселона и во Мпонте Карло.