Надал: Париз е главниот град во мојата кариера

Од:

Првиот светски тенисер Рафаел е одлучен со триумф на Мастерсот во Париз да ја заврши сезоната. За Шпанецот, турнирот од Серијата 1.000 во француската престолнина има големо значење.

– По Шангај сакав да се одморам. Оваа сезона играв толку многу. Но, во Париз ќе дадам се од себе да се претставам добро, бидејќи тоа е главниот град во мојата кариера. Се разбира, на секој турнир се трудам да го дадам максимумот, но тешко е. Ако ја завршам годината со трофеј во Париз, ќе биде одлично. Сега тренирам и се подготвувам за мојот прв натпревар на престижниот турнир, рече Надал.

Шпанецот во првото коло на Мастерсот во Париз е слободен како прв носител, а во 1/16 финалето утре за противник ќе го има Хион Чунг од Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест