Надал: Оваа сезона ми е најемотивната досега

Од:

Рафаел Надал изјави дека веројатно оваа сезона му е најемотивната во кариерата, како и дека многу му значи победата над Новак Ѓоковиќ во финалето на US Open.

„Оваа сезона ми е најемотивна во кариерата. Мислам дека направив се што треба да дојдам до финалето. Да играш против еден од најдобрите тенисери во историјата, против Новак, кој е број еден и тоа веројатно на неговата омилена подлога – за тоа треба да бидам скоро совршен на теренот. Многу ми значи овој трофеј. Фантастично е. Многу сум среќен“, изјави Надал.

Шпанецот славеше со 3:1, играјќи одличен меч, особено третиот сет.

nadalSoblekuvalna

„Тоа беше навистина важен сет. Започнав побавно, но Новак играше фантастично. Кога е на тоа ниво, не сум сигурен дека некој може да го запре. Важно беше дека имам само еден брејк заостанување, така што се борев за секој поен и ја чекав својата шанса. Кога дојде бев 0:40, одиграв ас и неверојатен форхенд подоцна. Тоа беше еден од клучните моменти во мечот, секако и брејкот потоа“, објасни Надал.

Ова за Рафа беше 13-та Грен слем титула во кариерата, а пред оваа сезона имаше седум месеци пауза поради повредата. Тој не сакаше да одговори на прашањето колку поради тоа е поголем човек и зошто навивачите толку многу го сакаат.

atpRank„Не сум вистинската личност за тоа прашање. Јас само се обидувам да бидам фер и да бидам во добри односи со сите.

– Се обидувам да бида пријател со сите. Тоа е се. Мислам дека и на теренот сум позитивен играч.

– Давам се од себе во секој момент. Дури и кога работите не одат на добри, не сум тажен и немам негативен сѕав.

– Надвор од теренот се обидувам да излезам во пресрет и се однесувам како нормален човек“, рече Надал.

АТП: Надал на 120 бодови од Новак

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа првото место на АТП листата 10.980 бодови, но сега му „бега“ на Рафаел Надал со само 120 поени.

Шпанскиот тенисер се наоѓа во многу поповолна позиција, поради тоа што минатата година поради повреда го пропушти вториот дел од сезоната и практично не брани ниту еден поен.

 

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ