Надал: Ова што го направив се случува еднаш во 1.000 меча

Од:

После победата над Данил Медведев, Шпанецот Рафаел Надал призна дека пресвртот кој го направи, и начинот на кој дојде до победата, во тенисот се случува еднаш на илјада натпревари.

– Чувствувам дека бев супер среќен. Играв подобро отколку на првиот меч, но ова што го направив се случува еднаш на 1.000 натпревари. Бев во загубена позиција. Си реков ќе се борам, па што биде, нека биде, вели Надал кој губеше со 1:5 во гемови и 30:40 во поени во последниот сет.

Лидерот на АТП листата рече дека мотив да не се предаде му биле навивачите кои постојано се крај него, и неговата љубов кон овој спорт. Во следното коло, Надал игра против Циципас, и ако го победи, ќе направи голем чекор кон обезбедување на првото место на крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест