Надал: Нишикори не се однесуваше спортски

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој на Олимписките игри во Рио го загуби мечот за 3.место и остана без медал во поединечна конкуренција, изјави дека неговиот ривал од тој меч, Кеи Нишикори од Јапонија не се однесувал спортски.

– Паузата на Нишикори не беше баш најдобра особено кога е во прашање спортскиот дух, но за тие работи треба да има супервизор. На Игрите сакав да уживам колку е можно повеќе, но ИТФ не го направи најдобро распоредот. Се гледаше само интересот на телевизиите, а не и на играчите. Морав да се повлечам натпреварувањето во мешани двојки само заради тоа.

Двајцата тенисери заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се меѓу фаворитите за освојувањето на титулата на УС Опен што почнува во понеделник.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ