Надал: Не сум опседнат со 20те Гренд слем титули на Федерер

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го прокоментира бројот на Гренд-слем титули, кои ги има освоено. 33-годишниот Шпанец има 18 титули од „големата четворка“, од кои 12 се од „Ролан Гарос“. „Кралот на земја“ има само 2 големи трофеи помалку од носителот на рекордот – Роџер Федерер, кој утре полни 38 години, а неговите шанси да додаде повеќе титули во неговата огромна колекција ќе бидат намалени.

– Сите мислат дека е важно, но тоа е нешто со кое не сум опседнат. Јас сум среќен со тоа што го сторив досега. Секако, би сакал да имам повеќе, но да бидам искрен, не приоѓам на прашањето на овој начин. Ако тоа се случи – фантастично. Но, мојата гледна точка е ако продолжам да бидам конкурентен на најважните турнири, би можел да освојам уште 2-3, рече Надал, кој ќе се обиде да освои рекорден 35-ти Мастерс оваа недела во Монтреал.

Шпанецот моментално е број еден во пласманот со 34, додека светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и Федерер се втор и трет, соодветно, но Србинот и Швајцарецот ќе го пропуштат турнирот во Канада оваа година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ