Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Монте Карло, а осумкратниот шапмион на Мастерсот во Монако истакна дека не се радува, што мора да излезе на мегдан против првиот играч на светот.
-Не сум тип на играч кој ќе биде глуп и ќе каже дека сака да игра против најдобриот-изјави насмејаниот Надал.
Шпанецот ќе се бори за девета титула во Монте Карло, а во пресрет на дуелот со Србинот тврди дека се уште не е подготвен за големи напори.
-Знам дека ми треба време за да бидат 100 проценти подготвен. Морам да играм подобро отколку во натпреварите со Димитров и Цонга и да бидам агресивен – изјави тој и додаде дека секогаш натпреварите со Новак се посебни и дека од него извлекуваат максимум.
Финалето помеѓу Надал и Ѓоковиќ се игра од 14 часот.
Елена Георгиевска