Надал не е загрижен за слабата форма на земја

Од:

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал изјави дека не придава преголемо значење на трите порази кои ги запиша на земја во последните недели. Надал обично доминира на турнирите пред почетокот на „Ролан Гарос“, но сезонава тој отпадна во полуфиналето во Монте Карло, Барселона и Мадрид, каде вчера беше поразен од Стефанос Циципас.

– Мислам дека она што се случува сега е понормално, отколку она што се случуваше во последните 14 години. Мислам дека имам доста тенис пред мене и ќе имам можност да ги освојам овие турнири, кои оваа година не успеав. Важно е да бидам здрав и да играм на високо ниво. Се уште ми остануваат два турнири на земја, па ќе видиме што ќе се случи таму, прокоментира Надал.

За Надал претстои учество на „Мастерсот“ во Рим, каде што ќе се сретне со Џереми Шарди или Ришар Гаске во првиот натпревар.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест