Меѓу првите кои му честитаа на Ноле за освоената титула на Мастерсот во Лондон, беше Рафаел Надал.
Српскиот тенисер во финалето го совлада Роџер Федерер во два сета 7:6, 7:5.
„Честитам Новак! Гледавме фантастично финале“, напиша Надал на својот Твитер профил.
Шпанецот поради повреда во колената го пропушти вториот дел од сезоната.