Надал: Медведев е најдобриот тенисер од новата генерација

Од:

Рафаел Надал смета дека Данил Медведев е најдобриот млад тенисер во спортот. Русинот загуби од Шпанецот во финалето на „Ју Ес Опен“ со 5-7, 3-6, 7-5, 6-4, 4-6.

– Дали Медведев е најдобриот играч на новата генерација? Во моментов, да. Не знам што ќе се случи во иднина. Медведев е четврти на АТП листата, а неговата летна кампања тешко може да биде подобра. Сепак, има уште многу млади момци. Оние кои имаат можност да се развиваат и да се подобрат повеќе од било кој, ќе добијат шанса да се борат за првите места во следните 6 до 9 години, рече Надал, цитиран од „Tennis World USA“.

Пред „Ју Ес Опен“, Медведев се пласираше во финалето на четири американски турнири и ја освои титулата на еден од нив – „Мастерсот“ во Синсинати.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест