Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера.

Надал на крајот на ноември на социјалните мрежи го објави своето враќање на теренот, кое го закажа за првата недела од јануари 2024 година, кога е закажан турнирот во Бризбејн.

Последен пат Шпанецот играше на Австралија опен во јануари оваа година, кога во второто коло загуби од Мекензи Мекдоналд.

„Се разбира, често мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и цело време ја одржував илузијата. Ги имав вистинските луѓе околу мене како и секогаш во текот на мојата кариера… Луѓето кои сакаат да ме гледаат како играм имаа влијание. Има добри шанси 2024 година да биде мојата последна година, без сомнение“, објави Надал на својот Твитер профил.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ