Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе ги пропушти турнирите на американскиот континент, Индијан Велс Мастерс и Мајами, јавуваат медиумите во Шпанија.
И покрај неговата изјава пред два месеца кога потенцира дека неговата цел е подготовка за настап на овие два турнира, сепак Надал одлучил да не игра.
Петтиот играч од АТП листата не планира да учествува во март на турнири што ќе се играат на тврди површини и поради тоа го откажа своето учество од ови два силни тениски собири.
Надал сака да игра само на земјени терени со цел што е можно поподготвен да настапи на Грен слемот „Ролан Гарос“ во Париз.
Шпанскиот тенисер неодамна се врати на тениските терени по пауза од седум месеци поради проблеми со коленото. Тој веќе освои еден турнир оваа година. Победи во Сао Паоло (Бразил).