Надал: Грешка е што се уништуваат доказите за допинг

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денес изјави дека одлуката на судот да се уништат доказите од „Операцијата Пуерто“ е грешка и дека од тоа корист ќе имаат само оние кои што измамиле.

-Мислам дека одлуката на судот не е добра за кого било. Корист од тоа ќе имаат само оние кои што измамиле. Со ова се навредуваат шпанските спортисти и спортот генерално-истакна Надал.

„Операцијата Пуерто“ е акција на полицијата во Шпанија, која започна од 2006 година со цел да се разоткрие допингот во велосипедизмот, но подоцна во истрагата беше откриено дека во допингот се вклучени уште многу спортистки од различни спортови.

Во вторник за овој случај беше обвинет лекарот Еуфемијано Фуентер, а истиот ден судот во Мадрид донесе одлука доказите од акцијата да се уништат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех