(ВИДЕО) Надал: Го победив најдобриот

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека е пресреќен поради пласманот во финалето во Роџерс купот, особено поради тоа што го победи најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Тој до триумфот дојде по два часа и 29 минути игра, со резултат 6:4, 3:6, 7:6.

„Започнав важен дел од сезоната со голем резултат. Пласманот во финалето е одличен резултат, особено затоа што станува збор за Мастерс. Но, еднакво е важно што го победив Новак, кој е најдобар на светот. Пресреќен сум поради тоа. За мене победата на уште некој Мастерс е илузија, но знам дека е можно се. Дури и да го изгубам финалето, ќе бидам среќен поради својата игра и резултатот оваа недела“, рече Надал.

Од понеделник веќе третиот тенисер на светот, истакна дека пред дуелот со Новак имал единствена тактика и цел, а тоа е да одигра добро.

„Пред мечот реков дека само ако играм многу добро, имам шанса да го победам Новак. И одиграв добро и многу агресивно. Поинаку и не можам да играм добро на тврда подлога. Играв на високо ниво, носев вистински одлуки во важни моменти. Сервисот ме служеше како и ударите од основната линија“, изјави Надал.

Финалето меѓу Надал и Раониќ е закажано за денеска во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ