Рафаел Надал поради повредата на зглобот на раката го откажа учеството на УС опен – четвртиот Грен слем турнир во годината.
– Жалам што морам да објавам дека нема да настапам на годинашниот УС опен, турнир на кои кога анстапував на последните три учества бев и финалист. Ова е тежок момент за мене, особено што ова е еден специфичен турнир, посбено со навивачите и ноќните мечеви, – напишал Надал во соопштението до јавноста.
Ова значи дека Надал полека се откажува од борбата за првото место на крајот од календарската година, бидејќи неучеството на Грен слемот во Њујорк може многу да ја зголеми бодовната разлика меѓу него и моментно водечкиот Новак Ѓоковиќ.