По седми пат пехарот во Рим во рацете на Надал

Од:

Ова е можеби најубедливата победа на Рафаел Надал против големиот Роже Федерер. По само 1 час и 8 минути игра, во два освоени сетови 6:1, 6:3, Надал ја одбрани титулата на Мастерсот во Рим.

Првиот сет траеше само 23 минути. Федерер направи дури 15 неизнудени грешки наспроти двете на Надал, а имаше 5 винери. Шпанецот имаше 6 директни поени.

nadalco-rome

Иако во вториот сет Швајцарецот за момент ја подобри играта, Надал без проблеми го приведе мечот кон крајот.

Федерер имаше дури 32 неизнудени грешки, а Надал само 8.

nadalco-rome4

Ова е 24-тата мастерс од вкупно 56 титули за Рафа и 20-та победа против Федерер од 30 меѓусебни дуели. По овој триумф Шпанецот ќе се искачи една позиција погоре. Од утре тој ќе биде четврти тенисер на светот.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари