Рафаел Надал загуби само пет гема во полуфиналето против својот сонародник Давид Ферер, славеше со 6-2, 6-2, 6-1 и се пласираше во финалето на Роланд Гарос каде ќе има можност да ја освои седмата титула.
Ферер му пружи отпор на најдобриот тенисер на земјена подлога во историјата само во првите четири гема од првиот сет. После ова следеше доминацијата на Надал, но сепак мора да се признае дека Ферер сам си кумуваше на овој дебакл.
Тој во овие три кратки сета успеа да направи 35 неизнудени грешки и со тоа му дозволи на Надал да го заврши мечот за само 1 час и 48 минути.
Шпанецот во финалето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу првиот и третиот носител, односно Ѓоковиќ и Федерер.