Надал: Финалето против Србија ќе биде супер тешко

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата во полуфиналниот меч од АТП купот против Австралиецот Алекс Де Минаура (4:6, 7:5, 6:1), рече дека очекува многу тешкот финале.

– На почетокот на натпреварот беше тешко, затоа што Алекс играше на многу високо ниво, а јас немав толку сила како и обично. Финалето против Србија ќе биде супер тешко. Новак сака да игра овде, а Србија има одличен тим, што покажува многу добра игра. Но, Роберто денеска имаше прекрасен натпревар, а нашата екипа исто така игра добро, па затоа сме подготвени, изјави Надал.

Утре од 8:30 часот Душан Лајовиќ ќе игра со Роберто Баутиста, а по нив ќе играат Ѓоковиќ и Надал.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех