Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во осминафиналето на Грен слемот Австралискиот опен, откако денеска по голема борба го победи 19-годишниот Германец Александер Зверев. Четири часа и пет сета му беа потребни на Надал да го скрши отпорот на противникот кој два пати водеше.
Резултатот по сетови: 4:6, 6:3, 6:7, 6:3 и 6:2.
Следниот предизвик на патот кон четвртфиналето на Надал ќе му биде Гаел Монфилс од Франција кој во 3.коло беше подобар од Филип Колшајбер со максимални 3-0.
Резултати на другите саботни мечеви од 3.коло на АО:
Карловиќ – Гофин 0-3,
Тим – Пер 3-1,
Баутиста – Ферер 3-1,
Кареро-Буста – Истомин 2-3,
Симон – Раониќ 1-3.
Попладне играат Димитров – Гаске.