Надал: Доста се зборуваше за повредата

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше подготвен со новинарите во Монте Карло да разговара речиси за се, но не и за својата повреда на коленото.

По седуммесечната пауза Шпанецот поради повредата на левото колено, на импресивен начин се врати на теренот, по што дојде до финале на четири турнири, од кои освои три титули. Надал е подготвен по девети пат да го освои Монте Карло.

-Многу зборувавме за повредата од минатата година, а мислам дека не е добро за тоа да зборуваме уште. Овде сум, се натпреварувам и би сакал да се фокусиран на тенисот. Тоа дали моето колено е подготвено 80, 90, 100 проценти, воопшто не ја менува ситуацијата – изјави Надал.

Шпанецот сака да го продолжи победничкиот низ од 42 натпревари во Монте Карло, но и да го зголеми бројот на освоените Мастерс тирули во кариерата на 23 трофеи.

-Сонував такви успеси, но тие беа големо изненадување, особено во мојата ситуација – изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех