Шпанецот Рафаел Надал и аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро ќе играат во финалето на Отвореното првенство на Индијан Велс.
Во полуфиналните натпревари Надал го совлада Томаш Бердих (Чешка) со 6:4 и 7:5, додека Дел Потро доцна синоќа, во тричасовен меч, го победи светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со 4:6, 6:4 и 6:4.
Финалето меѓу Дел Потро и Надал ќе биде седми нивни меѓусебен дуел на тврда подлога, а во досегашните шест двајцата имаат по три победи.
Почетокот на завршниот меч кај мажите е закажан за 19 часот, а женското финале на Индијан Велс во кое ќе играат Марија Шарапова (Русија) и Каролине Вознијацки (Данска) ќе започне во 16 часот.