Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска изјави дека би сакал во иднина да стане претседател на Реал Мадрид.

Надал често пати ја истакнува љубовта за фудбал и Реал Мадрид, а сега отиде и чекор понатаму и изрази желба еден ден да го води најтрофејниот фудбалски клуб на светот.

– Се разбира дека сакам да го водам Реал, кој не би? Но, тоа е долг пат … Реал сега има претседател, Флорентино Перез и мислам дека тој е многу успешен. Во моментов не му требам на Реал, но никогаш не се знае што носи иднината”, рече Надал за „Мундо Депортиво“.

Интересно е дека чичкото на Надал, Мигел Анхел Надал во минатото беше фудбалер на Барселона, големиот ривал на Реал.

Надал по големиот број на проблеми со повреди, навести враќање во старата форма, бидејќи стигна до финалето на неодамнешниот Австралија Опен, каде што беше поразен од Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ