Над 300 натпреварувачи децa и возрасни денеска учествуваа на мини маратонот што се одржа во Општина Чаир под мотото „Да трчаме за здравје – Give a smile”.
На настанот учествуваа и Секретарот на Општина Чаир, Недим Рама и претставници од кабинетот на Градоначалникот како и вработени во општината.
Учесниците во маратонот трчаа по кружна патека кај паркот во Чаир во должина од 2100 метри, со иста позиција за старт и цел, а настанот беше збогатен со музичка програма пред и по завршувањето на спортскиот дел.
Мини маратонот се одржа во организација на граѓанска иницијатива и поддржана од Општина Чаир.