Начевски: Не сме им должиме на ракометарите

Од:

По вчерашното обраќање до јавноста на капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кој проговори за незадоволството во националниот тим, со свое видување излезе генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Марјан Начевски.

Тој тврди дека РФМ не им должи ништо на репрезентативците во врска со Европското првенство во Србија, бидејќи не ветиле дополнителна премија за висок пласман тие, туку – премиерот Никола Груевски, кој го исполнил ветувањето дадено на приемот пред ЕП.

За историското петто место Владата ги награди со по 6.000 евра, Агенцијата за млади и спорт им додели двегодишни стипендии со месечен износ од 1,5 македонски плати, а Федерацијата им исплати 30.000 евра за избореното учество на еврошампионатот.

„Не сме ветиле 50-60 илјади евра за висок пласман на ЕП. Претседателот Михајло Михајловски на приемот кај премиерот им кажа дека ќе бидат наградени од Владата за такво нешто и тоа и се оствари, а ние го исполнивме нашето ветување за успехот во квалификациите, така што некои од репрезентативците за тоа првенство добија и по околу 20.000 евра, зависно од поединечниот придонес“, вели Начевски за Утрински весник.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ