Организаторот на тенискиот Грен слем турнир Вимблдон забрани користиње на селфи стапови на годинашното издание, јави Би-Би-Си.
Селфи-стаповите кои се користат за добивање подобар агол при фотографирање со мобилен телефон, веќе се забранети во неколку музеи и спортски објекти во Велика Британија.
Портпаролот на Вимблдон соопшти дека забраната за користење на селфи-стаповите е воведена за да не се нарушува задоволството на останатите гледачи.
Третиот од четирите Грен слем турнири ќе се игра од 29 јуни до 12 јули.