На овогодишниот тркачки маратон на островот Бали во Индонезија, што ќе се оддржи на 30 август, ќе се натпреваруваат 5.500 тркачи.
Организаторите денеска соопштија дека го завршиле пријавувањето, бидејки е постигнат максимален број на учесници на кои може да им се гарантира безбедна трка.
На Бали ќе се трча вистинскиот маратот, а ќе има и т.н. полумаратон од 17 километри, трка на 10 километри и трки за јуниори на пократки патеки. Наградите во дваесетина категории се движат од 50 до 200.000 долари.
Климатските услови, поради релативно високата температура меѓу 32 и 34 степени и големата влага, над 90 отсто, не се најпогодни за учесниците, но за спортистите и тоа е предизвик. Ќе има натпреварувачи од сите континенти, освен од Европа, а најбројни и фаворити се маратонците од Африка.
Маратонот на Бали, позната туристичка дестинација наречена „рајски остров“, е меѓу шесте престижни долгометражни трки. Покрај овој, водечки на топ листата се и маратоните во Бостон, Берлин, Њујорк и Лондон.