На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

Од:

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (21) е во епицентарот на скандал кој сериозно може да му ја загрози кариерата!

По вчерашниот натпреварот против Манчестер Сити (3:2) во плеј-офот за осминафиналето на Лигата на шампионите, на адреса на шпанскиот фудбалер пристигнаа сериозни обвинувања за детска порнографија, при што му се заканува затворска казна до пет години!

Шпанските медиуми пренесуваат дека на Асенсио му се суди за наводно препраќање порно видеа со малолетници. Иако тој не се смета за одговорен за снимањето на содржината, тој е обвинет дека имал пристап до компромитирачките снимки и ги пренесувал.

Истрагата ја покренала мајката на малолетникот, која пријавила дека сексуалните односи се снимале без согласност, а потоа снимките биле испраќани преку пораки во различни групи на социјалните мрежи и други социјални платформи.

Во истиот случај веќе се обвинети тројца поранешни играчи на Реал Мадрид – Феран Руиз (21), Хуан Родригез (22) и Андрес Гарсија (21), кои беа уапсени во септември 2023 година. Иако првично беше повикан на сослушувањето како сведок, Асенсио стана дел од истрагата откако разговараше со полицијата.

Фудбалерот на мадридскиот клуб наводно бил сомнителен, некои негови изјави за време на сведочењето не се поклопувале, па и тој во голема мера се вклучил во целата ситуација.

Фудбалерот на Реал Мадрид побара да биде изземен од постапката, но судот го одби наведеното барање. Доколку на судењето се докаже дека учествувал во ширењето на спорните снимки, на Асенсио му претстои сериозна казна, која освен суспензија од фудбалот вклучува и неколкугодишен престој зад решетки.

Би можело да ве интересира

Килијан Мбапе доби суспензија од еден натпревар поради црвен картон против Алавес

Шпанскиот суд бара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти

Горан Наумовски

Мијатовиќ: Чаби Алонсо треба да биде нов тренер на Реал Мадрид

А1он

Трент е само почеток, Реал тргна по шпанскиот бисер од 50.000.000 евра

А1он

Мбапе се израмни со Шукер, за рекорд му требаат уште 9 гола

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите