МЗТ Скопје заврши со победа

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје со триумф го заокружија дебитантскиот настап во Јадранската лига. Во последното коло од регионалното натпреварување во Ново Место совладана е Крка со 80:67.

И на овој натпревар доминантен беше тандемот Тодор Гечевски – Ѓорѓи Чековски кои вкупно постигнаа 46 поени. Чековски забележа 26 поени додека Гечевски беше стрелец на 20.

Во составот на Крка најефикасен со 16 поени беше Јаков Владовиќ.

За жал нашиот шампион не успеа да на крајот од сезоната да го освои шестото место бидјеќи во последниот дуел Цедевита како гостин го совлада Широки со 77:75.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он