МЗТ Скопје во финалето на Меѓународниот турнир во Охрид

Од:

Македонскиот кошарарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во финалето на Меѓународниот турнир во Охрид откако во полуфиналниот дуел синоќа го совлада Металац Валево (Србија) со 104:80.

Противник на МЗТ во вечерашното финале (20:30 часот) ќе му биде Раднички Крагујевац (Србија) кој во првото плоуфинале беше поуспешен од Лукоил Академик (Бугарија) со 77:75.

Освен македонскиот шампион вчервечер уште две наши екипи забележаа победи на меѓународна сцена.

Работнички на турнир во Дебрецин, Унгарија ја совлада Војводина (Србија) со 76:69.

Пријателски натпревар во Самоков, Бугарија против домаќинот Рилски Спортист одиграа кошаркарите на Куманово. Гостинот беше поуспешен и славеше победа со 87:84 по одличната последна четвртина која ја решија во своја корист со 20:10.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ