МЗТ Скопје приреди нова радост на домашните навивачи

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжува со фантастични резултати во АБА-лигата. Хрватскиот гигант Цедевита потклекна пред налетите на „металците“, кои што го одиграа својот убедливо најдобар натпревар во регионалното натпреварување.

Фактот дека Цедевита е тимот со најголем буџет во АБА не значеше премногу бидејќи македонското срце ги стопи хрватските милиони, па на крајот Пипан, неговите избраници и сите оние што дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ имаа причина за искрена радост.

Триото македонски репрезентативци беше во главна улога, Гечевски лидер со 20 поени, седум скокови и пет асистенции, Чековски со 16 поени, додека Дамјан Стојановски придонесе со 17 поени во овој голем триумф на „металците“.

На спротивната страна Шупут беше најпрецизен со 17 поени, додека двајцата македонски репрезентативци, Владо Илиевски и Маркиз Грин одиграа многу слабо постигнувајќи по два поени.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он