МЗТ Скопје пред тежок натпревар со Гран Канарија

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по долгото патување преку Истанбул и Мадрид кое траеше речиси 15 часа, доцна синоќа пристигнаа во Лас Палмас каде ќе го играат дуелот со Гран Канарија од 6.коло во Еврокупот.

Аеродромци денеска во претпладневните часови одржаа и лесен тренинг на кој се запознаа со условите во салата.

Во Лас Палмас нема да настапат Ксавиер Темс (семејна трагедија) и Стефан Синовец (стомачен грип).

Натпреварот се игра вечер од 21 часот.

Гран Канарија е лидер на табелата во Групата 1 со шест победи и само еден пораз, додека МЗТ Скопје е без победа со седум порази на сите досегашни дуели.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ