МЗТ Скопје казнет со 3.300 евра поради навивачите

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје ќе треба да уплати 3.000 евра на сметката на АБА-лига поради „недоличното однесување на навивачите и фрлањето тврди предмети на теренот“, како што се наведува во официјалното објаснување за казната.

Казната за МЗТ се однесува на мечот против Раднички Крагујевац, кој се одигра пред речиси еден месец во СЦ „Борис Трајковски“.

МЗТ Скопје ќе треба да плати и дополнителни 300 евра за техничката грешка и исклучувањето на центарот Тодор Гечевски на средбата против Раднички, како и за техничката грешка на Кирил Николовски на средбата против Сплит.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос