МЗТ Скопје ја пречекува Будуќност

Од:

Македонскиот првак, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, денеска, од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на екипата на Будуќност од Подгорица, во натпревар од 16-то коло на регионалната кошаркарска АБА-лига. МЗТ Скопје е во серија од три победи по ред, а со евентуален триумф против црногорскиот претставник, македонскиот шампион ќе го задржи чекорот со водечките на табелата.

Покрај натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Будуќност, во истиот термин денеска играат: Шолнок – Широки, Игокеа – Раднички и Цедевита – Сплит. Од 19 часот е натпреварот Унион Олимпија – Црвена Звезда, а од 21 часот ќе почне дербито на колото, Партизан – Цибона. Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со средбата Задар – Крка (почеток 17 часот).

Табела: Игокеа 27 бодови, Црвена Звезда 25, Партизан 25, Цедевита 24, МЗТ Скопје Аеродром 24, Будуќност 23, Раднички 23, Унион Олимпија 23, Цибона 21, Задар 21, Сплит 21, Крка 20, Широки 19 и Шолнок 19.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он